КАНЕСТЕН КРЕМ

CANESTEN KREM

CANESTEN KREM

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН КРЕМ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Клотримазол е дериват на имидазол со широк спектар на антимикотично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето на ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана. Канестен кремот се употребува за лекување на дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувла и други габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете, габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, питиријазис верзиколор,) и еритразма. Кај жени се употребува за лекување на габични инфекции на срамните усни и околното подрачје и кај мажи инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи (кандиден вулвитис и кандиден баланитис).

Пакување: туба со 20 g крем.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБИТЕ КАНЕСТЕН КРЕМ

Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во ова упатство (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

Канестен кремот нанесете го во тенок слој и втријте го на заболените места 2- до 3-пати на ден. За површина голема колку дланка обично е потребно мало количество крем (истиснете околу 1/2 сm).

За да се обезбеди целосно излекување во зависност од индикацијата, третманот треба да продолжи според индикациите, како што е наведено подолу (види Времетраење на третман) дури и ако симптомите исчезнат.

 

Времетраење на третман

-дерматомикози3 - 4 недели
-еритразма2 - 4 недели
-питиријазис верзиколор1 - 3 недели
-кандиден вулвитис и кандиден баланитис1 - 2 недели

 


Треба да го информирате Вашиот лекар доколку нема подобрување после 4 недели од терапијата.

Ако имате впечаток дека ефектот на Канестен крем е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Top