КАНЕСТЕН РАСТВОР

CANESTEN RASTVOR

CANESTEN RASTVOR

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН РАСТВОР И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Клотримазол е дериват на имидазол со широк спектар на антимикотично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето на ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.

Канестен раствор се употребува за лекување на дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувла и други габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете, габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, питиријазис верзиколор,) и еритразма.

Пакување: Стаклено шише што содржи 20 ml Канестен раствор

КАКО ДА ГО УПОТРЕБИТЕ КАНЕСТЕН РАСТВОР

Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во ова упатство (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

На кожата нанесете тенок слој од Канестен растворот 2-3 пати дневно и втријте го. Доволни се неколку капки за лекување на површина голема колку дланка.

За да се обезбеди целосно излекување во зависност од индикацијата, третманот треба да продолжи според индикациите, како што е наведено подолу (види Времетраење на третман) дури и ако симптомите исчезнат.


Времетраење на третман

-дерматомикози3 - 4 недели
-еритразма2 - 4 недели
-питиријазис верзиколор1 - 3 недели
-кандиден вулвитис и кандиден баланитис1 - 2 недели

Треба да го информирате Вашиот лекар доколку нема подобрување после 4 недели од терапијата.

Ако имате впечаток дека ефектот на Канестен раствор е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.


Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Top