Canesten 3 vag tbl

Canesten 3 vag tbl

Canesten 3 vag tbl

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН 3 ВАГИНАЛНИ ТАБЛЕТИ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Kлотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето на ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.

Канестен 3 вагиналните таблети се употребуваат за лекување на инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто Candida ) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Пакување: Кутија со 3 вагинални таблети во блистер и 1 апликатор.

КАКО ДА ГИ УПОТРЕБИТЕА КАНЕСТЕН 3 ВАГИНАЛНИ ТАБЛЕТИ

Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во ова упатство (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

За лекување на вагинални инфекции:

Секоја вечер во текот на 3 непрекинати денови ставете по една вагинална таблета, што е можно подлабоко во вагината, пред спиење. Тоа најдобро ќе го постигнете ако лежите на грб, со малку свиткани нозе.

На клотримазол вагиналните таблети им е потребна влажност, за да се растопат комплетно во вагината, во спротивно делови од вагиналната таблета може да испаднат од вагината. За ова да не се случи важно е таблетата да ја ставите што е можно подлабоко во вагината пред спиење. Доколку вагиналната таблета не се растопи комплетно во текот на една ноќ, препорачливо е да користите вагинален крем.

Општо:

Општо земено, симптомите на вагинално воспаление предизвикано од габички (како што се чешање, секреција, чувство на печење) забележливо се повлекуваат во текот на првите четири дена по лекувањето т.е. симптомите може да продолжат неколку дена по употребата на таблетата. Ако и после 4 дена нема видливо подобрување на симптомите, Ве молиме да се консултирате со Вашиот доктор.

Лекувањето во траење од еден ден е воглавно доволно да се ослободите од габична инфекција. Меѓутоа, по потреба може да се употреби и второ лекување.

Ако симптомите продолжуваат повеќе од 7 денови, може да имате медицинска состојба која бара лекување од лекар.

Треба да побарате совет од лекар доколку симптомите се повторат во период од 2 месеци.

Доколку истовремено се инфицирани срамните усни и околната регија треба исто така локално да употребите крем за надворешна употреба, дополнително на интравагиналниот третман (комбинирана терапија). Потребно е да се лекува и Вашиот сексуален партнер ако се присутни симптоми како, чешање, воспаление и т.н.

Терапијата не треба да ја применувате за време на менструација. Таа треба да заврши пред почетокот на менструацијата.

Не треба да употребувате тампони, интравагинални туширања, спермициди или други вагинални производи, за време на употребата на овој производ.

Препорачливо е да избегнувате сексуален однос во случај на вагинална инфекција и додека го употребувате овој производ партнерот може да биде инфициран.

Вагиналните таблети може да се употребуваат за време на бременост, но без употреба на апликатор.

Тие се наменети за употреба на возрасни и деца од 12 годишна возраст и повеќе.

Начин на употреба

Употреба на вагинални таблети со апликатор

1. Вагиналната таблета се става на заоблениот отвор на клипот на апликаторот, така што приближно половина од таблетата да биде надвор од апликаторот и со прстите малку се притисува.

2. Апликаторот внимателно се внесува што подлабоко во вагината (најдобро е да лежите на грб).

3. Апликаторот се испразнува со притискање на клипот сè додека таблетата не се внесе во вагината. Извлечете го апликаторот.

4. По употребата измијте го апликаторот со топла (но не жешка) вода.

Употреба на вагинални таблети без апликатор

Навечер во текот на три последователни денови ставете по една Канестен 3 вагинална таблета, што подлабоко во вагината. Притоа е најдобро е да лежите на грб, со малку свиткани нозе.

Ако имате впечаток дека ефектот на лекот е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.


Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Top