Canesten 3 vaginalni krem

Canesten 3 vaginalni krem

Canesten 3 vaginalni krem

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН 3 ВАГИНАЛЕН КРЕМ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Kлотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето на ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.

Канестен 3 вагинален крем се употребува за лекување на инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто Candida) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Канестен 3 вагинален крем се употребува и за лекување на инфекции на срамните усни и околното подрачје, инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи (кандиден вулвитис и кандиден баланитис).

Пакување: Туба со 20 g вагинален крем и 3 апликатори.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБИТЕ КАНЕСТЕН 3 ВАГИНАЛЕН КРЕМ

Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во ова упатство (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

Внесете го вагиналниот крем што е можно подлабоко во вагината, навечер пред спиење. Тоа најдобро ќе го постигнете ако лежите на грб, со малку свиткани нозе.

За лекување на вагинални инфекции

Секоја вечер во текот на 3 непрекинати денови испразнете ја содржината на 1 апликатор (приближно 5 g) во вагината.

За лекување на кандиден вулвитис и кандиден баланитис

Кремот нанесете го во тенок слој со втривање на заболените места, 2- до 3-пати дневно (надворешните полови органи до анусот кај жената, главата и кожичката кај мажите). Лекувањето е обично 1 до 2 недели.

Времетраење на употребата

Општо кажано, симптомите на вагинално воспаление предизвикано од габички (како што се чешање, секреција, чувство на печење) забележливо се повлекуваат во текот на првите четири денови од почетокот на лекувањето. Ако и после 4 денови нема видливо подобрување на симптомите, Ве молиме да се консултирате со Вашиот доктор.

Лекување во траење од три непрекинати денови е воглавно доволно да се ослободите од габична инфекција. Меѓутоа, по потреба може да се употреби и втор циклус на лекување.

Општо:

Ако симптомите продолжуваат повеќе од 7 денови, може да имате медицинска состојба која бара лекување од лекар.

Треба да побарате совет од лекар доколку симптомите се повторат во период од 2 месеци.

Доколку истовремено се инфицирани срамните усни и околната регија треба исто така локално да употребите крем за надворешна употреба, дополнително на интравагиналниот третман (комбиниранa терапија). Потребно е да се лекува и Вашиот сексуален партнер ако се присутни симптоми како, чешање, воспаление и т.н.

Терапијата не треба да ја применувате за време на менструација. Таа треба да заврши пред почетокот на менструацијата.

Не треба да употребувате тампони, интравагинални туширања, спермициди или други вагинални производи, за време на употребата на овој производ.

Препорачливо е да избегнувате сексуален однос во случај на вагинална инфекција и додека го употребувате овој производ, партнерот може да биде инфициран.

Тие се наменети за употреба на возрасни и деца од 12 годишна возраст и повеќе.

Начин на употреба на кремот со апликатор

1. Отстранете ја обвивката од апликаторот. Вметнете го клипот (А) во апликаторот (В).

2. Завртете и отстранете го црвеното капаче (C). Наполнете го апликаторот со внимателно притискање на тубата.

3. Вметнете го апликаторот (В) колку што е можно подлабоко во вагината. Ова најлесно се постигнува кога лежите на грб со малку подигнати колена. Притиснете го клипот (А) се додека апликаторот потполно не се испразни.

4. Извадете и фрлете го апликаторот. За следното нанесување, Ве молиме да користите нов апликатор.

Ве молиме да поразговарате со Вашиот лекар или фармацевт ако имате впечаток дека делувањето на Канестен 3 вагинален крем е премногу јако или премногу слабо.


Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Top