Симптоми на вагинитис

Вагинитис или вагинална кандидијаза е општ и медицински термин што се користи за да се опише вообичаена габична вагинална инфекција. Вагинитисот се јавува кога габата Кандида албиканс (габа која наликува на квасец) премногу ќе се размножи во вагината. Оваа се појавува кога добрите бактерии во вагината не може да ги држат габите (Кандида албиканс) под контрола со што се создава поволна средина за размножување на Кандида албиканс.

Само да знаете, вагинитисот не е инфекција што се пренесува по сексуален пат. Многу е непријатна, но во најголемиот број на случаи лесно се третира.

Сите сме различни, затоа, вашите симптоми може да се разликуваат од оние на Вашата пријателка. Може да бидат поинакви секојпат кога ќе добиете вагинитис. Затоа, внимавајте на овие вообичаени симптоми како и на тоа дали симптомите се слаби, умерени или покомплицирани.

Повеќето луѓе искусиле симптоми како што се:

  • Чешање во вагината / вулвата
  • Болка на влезот во вагината (вулвата)
  • Делумно отекување на вагиналните усни (лабија)
  • Бел исцедок како сирење

Овие симптоми не се невообичаени:

  • Болка при сексуален однос
  • Густ исцедок
  • Црвени и отечени вагинални усни
  • Чувство на печење околу вулвата
  • Болка при мокрење
  • Болки во вагиналниот предел
  • Распукана кожа околу вулвата

Треба да посетите лекар ако:

  • Имате вагинитис за првпат
  • Често добивате вагинитис или повторно се јавува во период пократок од 2 месеци
  • Нема подобрување на симптомите по три дена или ако не исчезнат за седум дена
  • Ако сте бремена или доите
  • Имате помалку од 12 години
  • Имате треска, морници, мачнина или ако повраќате
  • Имате невообичаен исцедок со мирис

Top