Изјава за приватност

Оваа веб-страница http://www.canesten.mk (понатаму во текстот "Веб-страница") е обезбедена од страна на Bayer d.o.o., Bravničarjeva 13, 1000 Ljubljana. (понатаму во текстот "Нас" или "Ние"). За повеќе информации во врска со пројавдерот на веб-страницата, Ве молиме погледнете го нашиот импринт.

 

A.            Обработка на лични податоци

При користењето на веб-страницата, сакаме да се осигураме дека имате пријатно и професионално искуство се со цел да ви ги овозможиме функците на веб-страницата кои ви се потребни.

При тоа вашите лични податоци може да ни бидат дадени на располагање. Доколку не е поинаку наведено во следните поглавја, правната основа за обработка на вашите лични податоци до кои може да дојдеме при вашата употреба на оваа веб-страница, претставува оваа изјава за приватност. Во продолжение ви ги даваме потребните информации за тоа како ги обработуваме вашите лични податоци кога ја користите нашата веб-страница.

 

I. Податоци што може да ги собираме за вас

 

1. Податоци кои Вие ни ги давате

Некои од податоците може да ни бидат дадени на располагање преку:

-          пополнување на контакт-корми и други типови на формулари;

-          одговарање на нашата кореспонденција испратена до Вас, преку телефон, е-пошта и на друг начин;

-          на друг начин ни ги имате дадено на располагање;

 

2. Податоци што нашата веб-страна може да ги собира за вас

Кога ќе ја побарате нашата веб-страница, вашиот пребарувач ќе пренесе одредени податоци до нашиот веб-сервер. Ова се прави од технички причини и е потребно за да ви ги даде на располагање бараните информации. За да го олесните пристапот до веб-страницата, следниве податоци се собираат, кратко се зачувуваат и се користат:

 

  • IP адреса
  • Датум и време на пристап
  • Временска разлика по средно време по Гринич (GMT)
  • Содржина на барањето (специфична веб-страница)

 

  • Статус на пристап/HTTP код на статус
  • Обем на префрлени податоци
  • Веб-страница што бара пристап
  • Пребарувач, подесувања за јаик, верзија на оперативен систем на софтверски пребарувач и површина,

 

Покрај ова, за да ги заштитиме нашите легитимни интереси, ние ќе ги чуваме овие податоци ограничен временски период за да можеме да иницираме следење на лични податоци во случај на реален или обид за неовластен пристап до нашите сервери.

 

II.               Користење на нашата веб-страница

  

 1.              Поставување колачиња

a)      Што се тоа колачиња?

Оваа веб-страница користи т.н. „колачиња". Колачињата се мали текстуални датотеки што се чуваат во меморијата на вашиот терминал преку вашиот прелистувач. Тие складираат одредени информации (на пр. вашите претпочитани поставки за јазик или локација), кои вашиот прелистувач може (во зависност од животниот век на колачето) повторно да ни ги пренесе при вашата следна посета на нашата веб-страница.

b)      Кои колачиња ги користиме?

Постојат две категории на колачиња: (1) функционални колачиња, без кои ќе се намали функционалноста на нашата веб-страница и (2) додатни колачиња кои се користат за анализа на веб-сајтови и маркетинг цели. Следните табели содржат детален опис на колачињата што ги користиме:

Технички потребни колачиња


Дополнителни колачиња

c)      Предмет на вашата согласност

Ние користиме дополнителни колачиња единствено ако претходно добиеме ваша согласност. По вашиот прв пристап до нашата веб-страница, ќе се појави банер кој бара согласност од вас за поставување на додатни колачиња. Доколку дадете согласност, ќе поставиме колаче на вашиот компјутер и банерот нема да се појави повторно сѐ додека колачето е активно. По истекот на животниот век на колачето или доколку активно го избришете колачето, банерот ќе се појави повторно на вашата следна посета на нашата веб-страница и повторно ќе побара ваша согласност.

d)      Како да се спречи поставувањето на колачиња

Се разбира, можете да ја користите нашата веб-страница и без поставување на колачиња. Во вашиот пребарувач, можете во секое време да ја конфигурирате или целосно да ја деактивирате употребата на колачиња. Ова може, сепак, да доведе до ограничување на функциите или да има негативни ефекти врз пристапот на корисниците кон нашата веб-страница. Во секое време можете да приговарате на поставувањето на додатни колачиња користејќи ја соодветната опција за приговор наведена во табелата погоре.

 

 

3.              Анализа на веб-страницата

На нашата веб-страница користиме Google Analytics, услуга за анализа на веб-страници на Google Inc., 1600 Амфитеатер парквеј, Маунтин вју, КА 94043, САД („Гугл”).

Гугл ќе ја анализира вашата употреба на нашата веб-страница во наше име. За таа цел ги користиме колачињата опишани подетално во горната табела. Информациите собрани од Гугл во врска со вашата употреба на веб-страницата (на пр. референтниот URL, нашите веб-страници што сте ги посетиле, вашиот тип на пребарувач, вашите подесувања за јазикот, вашиот оперативен систем, резолуцијата на вашиот екран) ќе бидат пренесени на серверот на Гугл во САД, каде ќе се зачуваат и анализираат. Соодветните резултати потоа ќе бидат дадени на располагање во анонимизирана форма. Вашите податоци за користење на веб-страницата нема да бидат поврзани со вашата целосна IP адреса за време на овој процес. На нашата  веб-страница активиравме функција за анонимност на IP, понудена од страна на Гугл, која ќе ги избрише последните 8 бита (тип IPv4) или последните 80 бита (тип IPv6) од вашата IP адреса. Покрај тоа, Гугл е сертифициран во рамките на EU-US Privacy Shield, со што се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците во однос на обработка на податоци од Гугл во САД.

Вашата согласност за користење на веб-анализата може да ја повлечете во секое време, било со преземање и инсталирање на обезбедениот Google Browser Plugin или пак со откажување на вашата согласност во горната табела, во кој случај ќе биде поставено колаче за откажување. И двете опции ќе ја спречат примената на веб-анализата само доколку го користите пребарувачот на кој сте го инсталирале приклучокот и немојте да го бришете колачето за откажување.

Дополниелни информации за Google Analytics се достапни на Услови за употреба на Google AnalyticsПравила за заштита на приватност и податоци на Google Analytics и во Политика за приватност на Гугл.

 

4. Онлајн бихевиорален маркетинг

Оваа веб-страница користи ДвоенКлик, тн. Услуга за наменски маркетинг на Google Inc., Амфитеатер партквеј, Маунтин вју, КА 94043, САД („Гугл”).

Гугл ќе ја анализира вашата употреба на оваа веб-страница. За таа цел ги користиме колачињата опишани подетално во горната табела. Информациите собрани од Гугл во врска со вашата употреба на нашата веб-страница (на пр. референтниот URL, нашите веб-страници што сте ги посетиле, вашиот тип на пребарувач, вашите поставувања за јазикот, вашиот оперативен систем, резолуцијата на вашиот екран) ќе бидат пренесени на серверот на Гугл во САД, каде ќе се зачуваат и анализираат. Ние и нашиот партнер Гугл ќе ги искористиме овие информации за подобро да ги прилагодиме нашите реклами за вас и вашите интереси, да го ограничиме бројот на прикажување на истата реклама, да ја оцениме ефикасноста на промотивните кампањи и подобро да го разбереме однесувањето на посетителите откако тие ќе прегледаат одредена реклама. Кога ќе посетите друга веб-страница на т.н. „Гугл дисплеј мрежа", скокачките прозорци ќе бидат прилагодени на вашите интереси и може да ви бидат презентирани врз основа на информациите собрани од нашата веб-страница.

Вашата согласност за ваков вид на анализа за употребата на оваа веб-страница може да ја повлечете во било кое време, било со откажување на Вашата согласност во горната табела, во кој случај ќе биде поставено колачето за откажување, или пак со преземање и инсталирање на обезбедениот Google Browser Plugin понуден од Гугл. И двете опции ќе ја спречат примената на веб-анализата само доколку го користите пребарувачот на кој сте го инсталирале приклучокот (plug-in) или доколку не го бришете колачето за откажување.

Повеќе информации за Гугл ДвоенКлик се достапни на Правила за заштита на податоци при рекламирање на Гугл.

 

 

5. Информации за несакани ефекти и поплаки за квалитет

Оваа веб-страница не е наменета или дизајнирана за комуникација во врска со несакани ефекти, недостаток на терапевтски ефект, грешки во лекувањето, производи од сив пазар/фалсификувани лекови, неправилна или незаконска употреба, поплаки за квалитет и/или други прашања во врска со безбедноста и/или квалитетот на производите на Bayer. Доколку сакате да пријавите несакани ефекти или да дадете поплака за квалитетот, ве молиме контактирајте го вашиот лекар (на пример, лекар или фармацевт), вашата локална здравствена служба, или преку нашата емаил адреса  пријавете несакани ефекти.

Ако сепак нѐ известите за несакани ефекти или други прашања во врска со безбедноста или квалитетот на производите на Bayer, ние сме законски обврзани да ја процесираме вашата комуникација и можеби ќе треба да ве контактираме со цел да се појасниме, доколку има нешто нејасно. Потоа, можеби ќе треба да ги известиме надлежните здравствени власти за прашањата што сте ги пријавиле. Во овој контекст, вашите лични податоци ќе бидат препратени во псевдонимизирана форма, т.е. нема да се пренесат информации со кои би можеле да бидете директно идентификувани. Ние, исто така, може да ги пренасочиме овие псевдонимизирани известувања до нашите групации и партнери за соработка, до степен до кој тие, исто така, се должни да ги известат своите соодветни надлежни здравствени власти.

 

II. Трансфер на податоци за  нарачано процесирање

За обработката на вашите лични податоци до одреден степен, ќе користиме специјализирани изведувачи на услуги. Таквите изведувачи на услуги се внимателно избрани и редовно следени од наша страна. Врз основа на соодветни договори за обработка на податоци, тие ќе обработуваат лични податоци само по наша инструкција и строго во согласност со нашите напатствија.

 

III. Трансфер на податоци на трети страни

Вашите податоци ги споделуваме со следниве трети страни за следниве цели:

 

Трета страна

Обем и цел на трансфер

Правна основа

Баер АГ и поврзани друштва

Неограничено заради цели на статистичка обработка, класифицирање на корисници и директен маркетинг на услугите, производите или други активности на Баер АГ и со нив поврзани друштва

Главен договор за пренос на податоци

 

 

B. Информации за вашите права

Следните права се општо достапни за вас според важечките закони за приватност на податоци:

  • Право на информации за вашите лични податоци што ги чуваме ние;
  • Право да барате корекција, бришење или ограничена обработка на вашите лични податоци;
  • Право на приговор за процесирање поради сопствени легитимни интереси, јавен интерес или профилирање, освен ако можеме да докажеме дека постојат релевантни причини кои ги заменуваат вашите интереси, права и слободи или дека таквата обработка е направена со цел да се потврдат, извршат или одбранат правните барања;
  • Право на преносливост на податоци;
  • Право на поднесување жалба до службата за заштита на податоци;
  • Во иднина, во кое било време можете да ја откажете вашата согласност за собирање, обработка и користење на вашите лични податоци. За повеќе информации, ве молиме погледнете ги поглавјата погоре кои ја опишуваат обработката на податоците врз основа на вашата согласност.

Ако сакате да ги искористите своите права, ве молиме пратете го вашето барање до контактот наведен подолу.

 

C. Контакт

За какви било прашања во врска со приватноста на податоците, ве молиме контактирајте го службеникот за заштита на податоци на нашата компанија на следнава адреса :

 

Службеник за заштита на податоци на групацијата
Bayer d.o.o.

Bravničarjeva ulica 13

1000 Ljubljana

E-mail: lpc.si@bayer.com

 

 

D. Измени на оваа изјава за приватност

Од време на време оваа Изјава за приватност може да биде изменета и/или дополнета. Измените и/или дополнувањата на нашата Изјава за приватност ќе бидат објавени на нашата веб-страница. Сите измени стапуваат на сила по објавувањето на нашата веб-страница. Затоа препорачуваме редовно да ја посетувате нашата страница за да бидете информирани за можните измени и/или дополнувања.

 

Последно ажурирање: 18.05.2018

 

Top