Жена во шорцеви и во бели патики, ги врзува врвките

Дознајте сè за габичната инфекција на стапалата

Дознајте што е габичната инфекција на стапалата и како може да се добие. Дознајте ги симптомите на оваа габична инфекција и како може да се лекува.

Што е габична инфекција на стапалата?1,2

Не мора да сте спортист за да ја добиете! Габичната инфекција на стапалата, наречена и tinea pedis, е многу заразна габична инфекција која ја погодува кожата на вашите нозе, но може да се прошири на ноктите на нозете, па дури и на дланките.

Лесно се фаќа преку директен контакт со заразено лице, споделување постелнини, допирање крпи или облека заразени со габа или одење боси во заеднички простории, како што се спортски сали, базени, јавни тушеви и соблекувални. Поголеми се шансите да ја добиете ако е кожата на нозете оштетена или ако имате влажни или испотени нозе. Габата вирее во топли и влажни услови, па затоа треба да избегнувате да носите влажни чорапи и обувки. Затоа најчесто заболуваат спортистите!

Габичната инфекција на стапалата често се појавува меѓу прстите на нозете, но може да ги зафати и табаните и страните на стапалата. Габичната инфекција на стапалата обично почнува на едната или двете нозе, но вие може не знаејќи да ја раширите на вашите раце или други области од вашето тело само со гребење или чистење на заразените делови на стапалата.

  1. Ilkit M, Durdu M. Tinea pedis: The etiology and global epidemiology of a common fungal infection. Crit Rev Microbiol. 2014 Feb 4
  2. 2 Field LA1, Adams BB. Tinea pedis in athletes. Int J Dermatol. 2008 May;47(5):485–92.

Симптоми на габична инфекција на стапалата

Симптомите на габична инфекција на стапалата се досадни, а инфекцијата е заразна, но не грижете се, лесно се лекува. Можно е да имате габична инфекција на стапалата ако ги имате овие симптоми1:

  • Прстите на нозете и стапалата ве чешаат и ве печат, а најлошо е веднаш штом ги соблечете обувките и чорапите.

  • Имате лушпеста, многу сува, распукана или излупена кожа.

  • Забележувате разделување, омекнување и побелување на кожата меѓу прстите.

  • Имате пукање на кожата на табаните или на петиците на нозете. Габичната инфекција на стапалата од типот моказин предизвикува хронична сувост и лупење на кожата на табаните што се протега по страната на стапалото и лесно е погрешно да се претпостави дека станува збор за егзема или за сува кожа.

  • Имате плускавци на нозете. Некои типови габични инфекции на стапалата предизвикуваат плускавци или чиреви.

  • Имате смрдливи стапала. Овој симптом може да биде предизвикан од габа и бактерии кои, исто така, може да се шират на вашите нозе.

  1. 1 Ilkit M, Durdu M. Tinea pedis: The etiology and global epidemiology of a common fungal infection. Crit Rev Microbiol. 2014 Feb 4
Човек скока и најпродаваната марка на Канестен® во Европа за здравје на стапалата

Лекување габична инфекција на стапалата

Секогаш треба да се обидете да го почнете лекувањето веднаш штом ќе ги забележите симптомите. Габичната инфекција на стапалата лесно се лекува со локални антифунгални лекови, без рецепт, во форма на креми или раствори. Канестен® нуди производи за габична инфекција на стапалата што може да ги купите во вашата локална аптека. Антифунгалните средства на Canesten ефикасно ги напаѓаат најчестите видови габи кои ја предизвикуваат инфекцијата, вклучувајќи ги дерматофитите. Лесно се нанесуваат и продираат во вашата кожа за да го запрат растот на габите, ги убиваат габите и на тој начин ги ублажуваат симптомите.

Кога да одите на лекар

Ако гледате дека не можете да се ослободите од инфекцијата со лекови без рецепт, од вашиот лекар побарајте лек на рецепт. Може ќе ви требаат други локални или орални антифунгални лекови. Треба да одите на лекар и ако:

  • Ако сте бремени или во поодминати години, тогаш посоветувајте се со вашиот лекар.

  • Се чувствувате многу непријатно.

  • Вашето стапало е црвено, жешко и болно. Може да имате посериозна инфекција од габична инфекција на стапалата.

  • Имате дијабетес. Проблемите со стапалата кај луѓето со дијабетес може да бидат посериозни. Габичната инфекција на стапалата може да доведе до други бактериски инфекции.

  • Вашиот имунолошки систем е ослабен.

Спортски маж со црн часовник, врзува обувки

Превенција на габичната инфекција на стапалата1

Ако мислите дека имате ризик да фатите габична инфекција на стапалата, следете едноставни правила што може да ви помогнат да избегнете добивање на инфекцијата или да спречите да се повтори.

Треба:

  • Секогаш добро да ги сушите нозете, особено меѓу прстите. Кога ги сушите треба да ги тапкате, а не да ги триете.

  • Да носите чисти чорапи секој ден и да ги менувате ако е жешко или по спортување. Памучните чорапи се најдобри.

  • Да ги собуете обувките кога сте дома за да ги оставите стапалата да „да дишат“.

  • Да користите посебна крпа за нозете и редовно да ја перете.

  • Да носите сандали кога е тоа можно.

  1. Ilkit M, Durdu M. Tinea pedis: The etiology and global epidemiology of a common fungal infection. Crit Rev Microbiol. 2014 Feb 4

Треба да избегнувате:

  • Гребење на зафатената кожа. Ова може да ја прошири инфекцијата на други делови од вашето тело.

  • Одење боси, особено во соблекувални, базени и јавни тушеви.

  • Споделување крпи, чорапи или обувки со други луѓе.

  • Носење ист чифт обувки два дена по ред.

  • Носење обувки што ги прават вашите нозе жешки и испотени.