Често поставувани прашања
Кандидијаза
Многу ме чеша, дали е кандидијаза?
Чешањето е чест симптом на кандидијаза, па можеби сте во право.
Слушнав дека ако еднаш добиеш кандидијаза, може да се повтори. Како да го спречам тоа?
Ако добиете кандидијаза еднаш, не мора да значи дека ќе ја добиете повторно. Сепак, за да спречите повторување на кандидијазата, можеби ќе треба да направите едноставни промени во вашиот животен стил. На пример, треба да избегнувате употреба на дезодоранси и парфимирани производи на вашата интимна област и да ја менувате долната облека по вежбање
Како да ја лекувам кандидијазата?
Лесно и ефикасно може да ја лекувате кандидијазата во домашни услови со производите Канестен®, достапни без рецепт. Препорачуваме да користите комбинирано лекување за расчистување на инфекцијата и за смирување на симптомите, како што се чешање, печење, црвенило, оток и болка.
Дали некој производ е поефикасен од другите производи Канестен®?
Сите наши производи се ефикасни во лекувањето на кандидијазата. Ние нудиме низа видови и форми на производи за секој да најде соодветна терапија која одговара на неговите потреби.
Дали ми треба рецепт за производите Канестен® за кандидијаза?
Не. Производите Canesten за кандидијаза се достапни без рецепт во вашата локална аптека.
Дали може да користам производи Канестен® за кандидијаза ако сум бремена?
За време на бременоста, жените често добиваат кандидијаза поради промените што се случуваат во телото, особено во третото тримесечје.
Консултирајте се со гинеколог пред да користите било каков производ за лекување на инфекцијата.
Во кое време од денот треба да ги користам производите Canesten за кандидијаза?
Производите Canesten за кандидијаза може да ги користите и дење и ноќе. Сепак, најдобро е вагиналните производи да се употребат пред да одите на спиење и можно е да има исцедок при употребата на производот. За најдобри резултати, легнете што е можно поскоро по вметнување на вагиналниот производ. Ова ќе го намали исцедокот. Добро е да користите влошки за да ја заштитите облеката кога користите Канестен®.
Дали постои храна или пијалак, како алкохолот, што треба да ги избегнувам додека користам производи Canesten за кандидијаза?
Не, може да јадете и пиете како нормално кога користите производи Канестен® за кандидијаза.
Дали може да имам секс додека ја лекувам кандидијазата?
Најдобро е да се избегнува секс додека не се отстрани кандидијазата.
Важно е да се знае дека кремот со клотримазол може да го оштети латексот што се користи во кондомите и дијафрагмите. Ова може да значи дека вашата контрацепција нема да ве заштити како обично. Затоа, треба да користите алтернативни мерки на претпазливост најмалку пет дена по употребата на кремот Канестен® за кандидијаза.
Дали е можно да добијам кандидијаза од секс?
Кандидијазата не е сексуално пренослива инфекција, меѓутоа, ако имате секс со иста личност (машко или женско), може да си ја пренесувате кандидијазата меѓу себе. Некои жени страдаат од повторливи инфекции на кандидијаза. За да се намали фреквенцијата на овие инфекции, пенисот на сексуалниот партнер може да се третира со крем Канестенн за кандидијаза за да се спречи повторна инфекција, дури и ако тој нема симптоми на кандидијаза.
Во случај вашиот машки партнер да има симптоми на кандидијаза, може да ја лекува со крем Канестен®.
Што треба да направам ако симптомите не поминат по лекувањето?
Консултирајте се со вашиот лекар ако симптомите на вашата инфекција не се подобрат во рок од седум дена по завршувањето на лекувањето. Можно е симптомите да се предизвикани од друга состојба.
Дали мажите добиваат кандидијаза?
Да, мажите може да добијат кандидијаза, иако е можно да немаат никакви симптоми. Мажите може да ја лекуваат кандидијазата со кремот Канестен®.
Габична инфекција на стапалата
Како да ја лекувам габичната инфекција на стапалата?
Габичната инфекција на стапалата е многу честа инфекција на кожата предизвикана од габа и лесно се лекува со антифунгален лек кој се нанесува директно на заразената област. Има неколку достапни производи Канестен® за лекување на габичната инфекција на стапалата.
Ако ја игнорирам, дали ќе помине сама по себе?
За жал, не. Габичната инфекција на стапалата е габична инфекција на кожата за која е потребно лекување со антифунгален лек. Колку поскоро почнете да ја лекувате, толку побрзо ќе ја отстраните. За информации за едноставно и ефикасно лекување на габичната инфекција на стапалата, посетете ја нашата страница за лекување габична инфекција на стапалата.
Колку долго трае лекувањето?
Во зависност од производот, препорачаното време на лекување варира од 1 до 4 седмици. Симптомите на инфекција на кожата, како што се чешање или болка, треба да се подобрат во рок од неколку дена по лекување со каков било Канестен® крем за габична инфекција на стапалата. Ако симптомите на инфекцијата не се подобрат во рок од 7 дена, консултирајте се со вашиот лекар.
Може ли да вежбам ако имам габична инфекција на стапалата?
Габичната инфекција на стапалата не треба да ве спречува да вежбате, иако треба да избегнувате пливање за да помогнете во спречување на ширењето на инфекцијата. Кога вежбате, треба да носите памучни чорапи, а во соблекувалните треба да носите чевли или сандали. По вежбањето, добро исчистете ги и исушете ги стапалата, исперете ги чорапите во топла вода и оставете ги чевлите да се исушат.
Како да спречам габична инфекција на стапалата во иднина?
Има неколку едноставни чекори што може да ги правите за да го намалите ризикот од добивање габична инфекција на стапалата. Најважната мерка што може да ја преземете е да ги одржувате стапалата чисти и суви, особено по посета на јавни соблекувални, базени или тушеви.
Тинеа
Како да ја лекувам тинеата?
Тинеата е габична инфекција, па може да ја лекувате со антифунгален лек.
Имам осип на скротумот и/или пенисот, дали е ова тинеа?
Обично не е, бидејќи тинеата обично се појавува околу пределот на препоните, внатрешните бутови и задникот, а не на гениталиите. Ако имате осип на скротумот и/или на вашиот пенис, најдобро е да го посетите вашиот лекар за да добиете точна дијагноза и лекување.
Колку долго трае лекувањето?
Откако ќе почнете со лекување, тинеата обично ја снемува во рок од 3-4 седмици. Ако симптомите на инфекцијата не се подобрат или се влошат, консултирајте се со вашиот лекар.
Треба ли да престанам да имам секс додека не ја излекувам тинеата?
Да, треба. Оваа габична инфекција е заразна, па може да се пренесе на вашиот партнер за време на сексот.
Лишај
Дали е лишајот заразен?
Да, лишајот е заразен и може да се пренесе од домашни миленици и фарми за животни на луѓето, како и од човек на човек. За совети како да го намалите ризикот од лишај и да го запрете неговото ширење, посетете ја нашата страница за превенција.
Како да го лекувам лишајот?
Лишајот е габична инфекција, затоа треба да користите антифунгален лек за ефикасно лекување. Канестен® нуди низа производи за лекување кои се аплицираат на различни начини,
Дали животните може да се заразат со лишај?
Да. Ако на вашето милениче има места каде што му фали крзно, тоа може да е знак за лишај. Проверете дали домашните и другите миленици имаат знаци на инфекција и однесете го вашето домашно милениче на ветеринар што е можно поскоро. Ако наидете на животно за кое мислите дека е заразено, треба да се држите настрана за да избегнете да се заразите.
Како да спречам појава на лишај во иднина?
Лишајот е заразен, меѓутоа, можете да преземете мерки за да го спречите неговото ширење и повторување. На пример, ако некој има лишај, осигурете се неговата или нејзината облека, крпи и постелнина да се перат одделно.
Осип од пот
Што го предизвикува осипот од пот?
Осипот од пот е предизвикан од прекумерен раст на габа (Candida) заради влажност, триење и недостаток на вентилација меѓу наборите на кожата.
Како да знам дека имам осип од пот?
Чести симптоми се црвен осип, воспалена или напукана кожа што чеша. Овие симптоми обично се појавуваат на места каде што кожата се трие, како на пример под пазувите.
Дали редовните креми за хидратација или креми за тело ќе помогнат при осип од пот?
Осипот од пот предизвикан од кандида нема да помине сам по себе; можно е да треба да користите антифунгален производ за да го лекувате. Ако осипот од пот се воспали, може да користите смирувачки третман кој се справува и со инфекцијата. За повеќе информации, visit our treatment page.
Што да правам за да спречам осип од пот во иднина?
Одржувајте ја кожата ладна и сува и носете облека од ткаенина што дише, како што е памукот.