Канестен® 3 вагинални таблети 200mg

Канестен® 3 вагинални таблети 200mg

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН® 3 ВАГИНАЛНИ ТАБЛЕТИ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Канестен 3 е лек кој се користи за лекување на габични инфекции на вагината. Клотримазол, активната супстанција дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.

Канестен® 3 вагиналните таблети се употребуваат за лекување инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто CANDIDA ) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Како да знам дека е кандидијаза?

6 главни симптоми

  • Чешање

  • Оток

  • Црвенило

  • Необичен исцедок

  • Печење

  • Болка

Кандидијазата обично не го менува нивото на pH и нема мирис, но може да почувствувате болка за време на секс или мокрење.

Без грижи!

Можеби чувството е непријатно, но нема потреба да се плашите. Кандидијазата не е сексуално пренослива болест или сериозна состојба и во повеќето случаи може лесно и ефикасно да се излечи. Исто така, вообичаена е и многу честа – 3 од 4 жени ја добиваат барем еднаш за време на нивниот живот и не е предизвикана од недостаток на хигиена1.

  1. Gonçalves B, Ferreira C, Alves CT, Henriques M, Azeredo J, Silva S. Vulvovaginal candidiasis: epidemiology, microbiology and risk factors. Crit Rev Microbiol. 2016;42(6):905-927.oi:10.3109/1040841X.2015.1091805

Верувајте му на Канестен®

Икона на Канестен® за штит

Ефикасен1

Ги убива причинителите на инфекцијата и ги отстранува симптомите

  1. 1.Fleury F, Hughes D, Floyd R. Therapeutic results obtained in vaginal mycoses after single-dose treatment with 500 mg clotrimazole vaginal tablets. American Journal of Obstetrics and Gynecology. 1985;152(7):968-970. doi:10.1016/s0002-9378(85)80013-2.
Икона на Канестен® за палците горе

занеслив

Ефикасност базирана на повеќедецениска наука и иновација

Икона на Канестенза форми на производот

Практичен

Изберете Канестен® производ кој им одговара на вашите потреби. Достапен во различни форми лесни за употреба.

Изберете го вашето лекување

Во целата палета на Канестен® производи за кандидијаза, сите лекови се подеднакво ефикасни за лекување на инфекцијата.

Ние нудиме ефикасни решенија кои одговараат на различни начини на живот и преференции. Изберете ја опцијата што најмногу ви одговара:

Икона за лекување во 3 дена и 1 ден

Различна доза што одговара на вашите желби: од 1-дневно лекување (нашата најголема доза) за жени кои имаат брз начин на живот или за жени кои претпочитаат пократко 3-дневно лекување (обична јачина на лекот).

Начин на употреба

Канестен® апликатор за вагинални таблети

 

Со помош на апликаторот, вметнете ја вагиналната таблета што е можно подлабоко во вагината во текот на 3 непрекинати денови, пред спиење. Секогаш читајте го Внатрешното упатство за пациентот.

Кандидијаза: кои се факторите на ризик?

Габите и бактериите се природно присутни во вашата вагина. Кандидијазата се јавува кога се зголемува нивото на Candida albicans. Постојат моменти кога сте поподложни на кандидијаза:

Икона на Канестен® за бременост

Во бременоста посоветувајте се со вашиот гинеколог.

Икона на Канестен® за габични клетки под микроскоп

Кога имате ослабен имунолошки систем

Икона на Канестен® за менструација

Кога имате менструален циклус

Икона на Канестен® за таблети во блистер пакување

Кога земате одредени лекови

Икона на Canesten за стетоскоп

Кај медицински состојби како што се дијабетес или ХИВ и кога примате хемотерапија

Кандидијаза: како да ја спречам?

Ако сте загрижени дека кандидијазата ќе се врати или страдате од повторливи симптоми, постојат неколку работи што може да ги пробате:

Икона на Канестен® за долна облека

Носете памучна долна облека и редовно менувајте ја, особено по вежбање

Икона на Канестен® за тампони и влошки

Често менувајте ги тампоните или влошките

Икона на Канестен® за пречкртана бања со меурчиња

Избегнувајте многу жешки бањи со меурчиња

Икона на Канестен® за срцева фреквенција

Избегнувајте стрес и хранете се здраво, без храна со висока содржина на шеќер

Икона на Канестен® за без парфем

Избегнувајте парфимирани производи во и околу вашите интимни делови

Икона на Канестен® за ролна тоалетна хартија

Бришете се од напред кон назад по одење во тоалет

Не дозволувајте кандидијазата да ве забави

Преземете контрола врз симптомите на кандидијазата, без грижи и непријатности.

Активна млада жена облечена во маица и стои самоуверено, со сончева заднина


Не пропуштајте ништо – оставете Канестен® да ви помогне целосно да уживате во животот.

Насмеана млада жена, носи очила и гледа во нејзиниот телефон, среќна по лекувањето на кандидијаза со Canesten

Дали мажите добиваат кандидијаза?

Поретко е отколку кај жените, но и мажите може да страдаат од симптоми на кандидијаза

Насмеана млада двојка која се забавува, среќни по лекувањето со Канестен®
  • Иако не е сексуално пренослива болест, може да се пренесува меѓу лицата за време на сексот. Стегната кожичка, ослабен имунолошки систем, антибиотици или дијабетес може да ги направи мажите поподложни
  • Канестен® крем обезбедува ефикасно лекување за мажи со кандидијаза.

Канестен® им помага на жените низ целиот свет повеќе од 40 години

Ги разбира, ги спречува и ги лекува нивните интимни заболувања, за да се чувствуваат пријатно во својата кожа.

Канестен®, сигурен избор повеќе од 40 години, банер

Често поставувани прашања