Skip to main content

CH Utility menu

  • За Канестен®
  • ЧПП
  • Контакт
Почетна страница

CH Main menu

  • ИНТИМНО ЗДРАВЈЕ
    • ВАГИНИТИС
    • ЗОНА ЗА УЧЕЊЕ
      • Што е кандидијаза? I Канестен®
      • Кандидијаза за време на бременост I Канестен®
      • Кандидијаза кај мажите I Канестен®
      • Женско интимно здравје I Канестен®
      • Квиз за кандидијаза
    • ПРОИЗВОДИ
  • ЗДРАВЈЕ НА КОЖАТА И НА СТАПАЛАТА
    • ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА
      • Тинеа
      • Лишај
      • Осип Од Пот
    • ЗОНА ЗА УЧЕЊЕ
      • Практични совети за хигиена на кожата и на стапалата
      • Дознајте сè за габичната инфекција на стапалата
      • Сè што треба да знаете за тинеата
      • Факти за лишајот
      • Дознајте повеќе за осипот од пот
    • ПРОИЗВОДИ
  • ПРОИЗВОДИ
Bayer Cross Logo
  1. Почетна страница
  2. Откријте ги производите Канестен®
  3. Канестен® 3 вагинален крем

Канестен® 3 вагинален крем 2%

Канестен® 3 вагинален крем 2%

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН® 3 ВАГИНАЛЕН КРЕМ 2% И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Kлотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.

Канестен® 3 вагинален крем 2% се употребува за лекување инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто CANDIDA) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Канестен® 3 вагинален крем 2% се употребува и за лекување инфекции на срамните усни и околното подрачје, инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи (кандиден вулвитис и кандиден баланитис).

Како да знам дека е кандидијаза?

6 главни симптоми

  • Чешање

  • Оток

  • Црвенило

  • Необичен исцедок

  • Печење

  • Болка

Кандидијазата обично не го менува нивото на pH и нема мирис, но може да почувствувате болка за време на секс или мокрење.

Без грижи!

Можеби чувството е непријатно, но нема потреба да се плашите. Кандидијазата не е сексуално пренослива болест или сериозна состојба и во повеќето случаи може лесно и ефикасно да се излечи. Исто така, вообичаена е и многу честа – 3 од 4 жени ја добиваат барем еднаш за време на нивниот живот и не е предизвикана од недостаток на хигиена1.

  1. Gonçalves B, Ferreira C, Alves CT, Henriques M, Azeredo J, Silva S. Vulvovaginal candidiasis: epidemiology, microbiology and risk factors. Crit Rev Microbiol. 2016;42(6):905-927.oi:10.3109/1040841X.2015.1091805

Верувајте му на Канестен®

Икона на Канестен® за штит

Ефикасен1

Ги убива причинителите на инфекцијата и ги отстранува симптомите

  1. 1.Fleury F, Hughes D, Floyd R. Therapeutic results obtained in vaginal mycoses after single-dose treatment with 500 mg clotrimazole vaginal tablets. American Journal of Obstetrics and Gynecology. 1985;152(7):968-970. doi:10.1016/s0002-9378(85)80013-2.
Икона на Канестен® за палците горе

занеслив

Ефикасност базирана на повеќедецениска наука и иновација

Икона на Канестенза форми на производот

Практичен

Изберете Канестен® производ кој им одговара на вашите потреби. Достапен во различни форми лесни за употреба.

Како се користи?

Внесете го вагиналниот крем што е можно подлабоко во вагината, навечер пред спиење. Тоа најдобро ќе го постигнете ако лежите на грб, со малку свиткани нозе.

За лекување на вагинални инфекции
Секоја вечер во текот на 3 непрекинати денови испразнете ја содржината на 1 апликатор (приближно 5 g) во вагината. 

За лекување на кандиден вулвитис и кандиден баланитис 
Кремот нанесете го во тенок слој со втривање на заболените места, 2- до 3-пати дневно (надворешните полови органи до анусот кај жената, главата и кожичката кај мажите). Лекувањето е обично 1 до 2 недели.

Фрлете го користениот апликатор и темелно измијте ги рацете. Секогаш читајте го Внатрешното упатство за пациентот.

Кандидијаза: кои се факторите на ризик?

Габите и бактериите се природно присутни во вашата вагина. Кандидијазата се јавува кога се зголемува нивото на Candida albicans. Постојат моменти кога сте поподложни на кандидијаза:

Икона на Канестен® за бременост

Во бременоста посоветувајте се со вашиот гинеколог.

Икона на Канестен® за габични клетки под микроскоп

Кога имате ослабен имунолошки систем

Икона на Канестен® за менструација

Кога имате менструален циклус

Икона на Канестен® за таблети во блистер пакување

Кога земате одредени лекови

Икона на Canesten за стетоскоп

Кај медицински состојби како што се дијабетес или ХИВ и кога примате хемотерапија

Кандидијаза: како да ја спречам?

Ако сте загрижени дека кандидијазата ќе се врати или страдате од повторливи симптоми, постојат неколку работи што може да ги пробате:

Икона на Канестен® за долна облека

Носете памучна долна облека и редовно менувајте ја, особено по вежбање

Икона на Канестен® за тампони и влошки

Често менувајте ги тампоните или влошките

Икона на Канестен® за пречкртана бања со меурчиња

Избегнувајте многу жешки бањи со меурчиња

Икона на Канестен® за срцева фреквенција

Избегнувајте стрес и хранете се здраво, без храна со висока содржина на шеќер

Икона на Канестен® за без парфем

Избегнувајте парфимирани производи во и околу вашите интимни делови

Икона на Канестен® за ролна тоалетна хартија

Бришете се од напред кон назад по одење во тоалет

Не дозволувајте кандидијазата да ве забави

Преземете контрола врз симптомите на кандидијазата, без грижи и непријатности.

Активна млада жена облечена во маица и стои самоуверено, со сончева заднина


Не пропуштајте ништо – оставете Канестен® да ви помогне целосно да уживате во животот.

Насмеана млада жена, носи очила и гледа во нејзиниот телефон, среќна по лекувањето на кандидијаза со Canesten

Дали мажите добиваат кандидијаза?

Поретко е отколку кај жените, но и мажите може да страдаат од симптоми на кандидијаза

Насмеана млада двојка која се забавува, среќни по лекувањето со Канестен®
  • Иако не е сексуално пренослива болест, може да се пренесува меѓу лицата за време на сексот. Стегната кожичка, ослабен имунолошки систем, антибиотици или дијабетес може да ги направи мажите поподложни
  • Канестен® крем обезбедува ефикасно лекување за мажи со кандидијаза.

Канестен® им помага на жените низ целиот свет повеќе од 40 години

Ги разбира, ги спречува и ги лекува нивните интимни заболувања, за да

Канестен®, сигурен избор повеќе од 40 години, банер

Често поставувани прашања

    Многу ме чеша, дали е кандидијаза?

    Чешањето е чест симптом на кандидијаза, па можеби сте во право.

    Слушнав дека ако еднаш добиеш кандидијаза, може да се повтори. Како да го спречам тоа?

    Ако добиете кандидијаза еднаш, не мора да значи дека ќе ја добиете повторно. Сепак, за да спречите повторување на кандидијазата, можеби ќе треба да направите едноставни промени во вашиот животен стил. На пример, треба да избегнувате употреба на дезодоранси и парфимирани производи на вашата интимна област и да ја менувате долната облека по вежбање

    Како да ја лекувам кандидијазата?

    Лесно и ефикасно може да ја лекувате кандидијазата во домашни услови со производите Канестен®, достапни без рецепт. Препорачуваме да користите комбинирано лекување за расчистување на инфекцијата и за смирување на симптомите, како што се чешање, печење, црвенило, оток и болка.

    Дали некој производ е поефикасен од другите производи Канестен®?

    Сите наши производи се ефикасни во лекувањето на кандидијазата. Ние нудиме низа видови и форми на производи за секој да најде соодветна терапија која одговара на неговите потреби.

    Дали може да користам производи Канестен® за кандидијаза ако сум бремена?

    За време на бременоста, жените често добиваат кандидијаза поради промените што се случуваат во телото, особено во третото тримесечје.

    Консултирајте се со гинеколог пред да користите било каков производ за лекување на инфекцијата.

    Во кое време од денот треба да ги користам производите Canesten за кандидијаза?

    Производите Canesten за кандидијаза може да ги користите и дење и ноќе. Сепак, најдобро е вагиналните производи да се употребат пред да одите на спиење и можно е да има исцедок при употребата на производот. За најдобри резултати, легнете што е можно поскоро по вметнување на вагиналниот производ. Ова ќе го намали исцедокот. Добро е да користите влошки за да ја заштитите облеката кога користите Канестен®.

    Дали постои храна или пијалак, како алкохолот, што треба да ги избегнувам додека користам производи Canesten за кандидијаза?

    Не, може да јадете и пиете како нормално кога користите производи Канестен® за кандидијаза.

    Дали може да имам секс додека ја лекувам кандидијазата?

    Најдобро е да се избегнува секс додека не се отстрани кандидијазата.

    Важно е да се знае дека кремот со клотримазол може да го оштети латексот што се користи во кондомите и дијафрагмите. Ова може да значи дека вашата контрацепција нема да ве заштити како обично. Затоа, треба да користите алтернативни мерки на претпазливост најмалку пет дена по употребата на кремот Канестен® за кандидијаза.

    Дали мажите добиваат кандидијаза?

    Да, мажите може да добијат кандидијаза, иако е можно да немаат никакви симптоми. Мажите може да ја лекуваат кандидијазата со кремот Канестен®.

    Откријте ги производите Канестен®

    Канестен® 1 вагинална таблета

    Канестен®

    Канестен® 1 вагинална таблета 500mg

    дознај повеќе
    Канестен® 3 вагинални таблети

    Канестен®

    Канестен® 3 вагинални таблети 200mg

    дознај повеќе
    Канестен® 3 вагинален крем

    Канестен®

    Канестен® 3 вагинален крем 2%

    дознај повеќе
    Канестен® раствор за надворешна употреба

    Канестен®

    Canesten® раствор за надворешна употреба

    дознај повеќе
    Канестен® крем

    Канестен®

    Канестен® крем

    дознај повеќе

    Производи

    Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства од лекот, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

    Footer Center

    • Интимно здравје
      • Вагинитис
      • ЗОНА ЗА УЧЕЊЕ
      • Производи
    • Здравје на кожата и на стапалата
      • Габична инфекција
      • ТИНЕА
      • ЛИШАЈ
      • ОСИП ОД ПОТ
      • ЗОНА ЗА УЧЕЊЕ
      • Производи
    • Откријте ги производите Канестен®
      • За Канестен®
      • ЧПП
      • Контакт

    Copyright© Bayer. All Rights Reserved

    Секогаш читајте го упатството.

    LMR-CH-20210810-26

    Footer Bottom

    • Мапа на страницата
    • Bayer Global
    • Изјава за заштита на личните податоци
    • Услови за користење
    • Импресум